Министерската за енергетика Сања Божиновска вели дека државата ќе набавува електрична енергија на подолг рок, зошто како што вели, купувањето струја недела однапред, е многу скапо.
„Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, тоа го наследивме и свесни сме дека е од 1984 година. Затоа ќе направиме струја за четвртиот квартал и евентуално за првите три месеци од 2025 година. Цените сега на берза се околу 100 евра за мегават час што значи дека иако има војна, нема некои енормни поместувања на цените на електрична енергија досега“, рече Божиновска во одговор на прашање на прес конференција на тема 100 дена Влада.
Видете и ова: Бислимовски: Намалениот увоз на струја може да ги намали и сметкитеТаа вели дека во следните седум дена ќе се направи точен енергетски биланс. Прашана дали ќе поскапи производната цена на електричната енергија на ЕСМ од 1 јануари идната година, а со тоа и цената што ја плаќаат граѓаните, рече дека финалната цена се состои од повеќе импути, меѓу кои и цената на електрична енергија од ЕСМ.
„Ќе работиме за најдобар интерес за граѓаните. Никој не би сакал да види поскапување на електричната цена, меѓутоа тука влегуваат и трошоците од МЕПСО, значи не е само цената на ЕСМ. Ние ќе ја дискутираме цената и ќе видиме колку проценти ќе се понудат. Како што знаете минатиот пат претходната влада понуди 85 проценти, па потоа ние понудивме уште 15 проценти на универзалниот снабдувач, така што во ноември би требало да се разјаснат овие работи. Има време уште за тоа“, изјави Божиновска.
Инаку цените на електричната енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок остана иста, во вториот блок се зголеми за 0,85 проценти, во третиот блок за 1,92 проценти, а во четвртиот блок зголемувањето е 1,88 проценти. Евтината струја се зголеми за 0,65 проценти.