Ракетниот одбранбен систем „Патриот“ дониран од членката на НАТО Романија пристигна во Украина, објавија двата соседа на 3 октомври. Во меѓувреме генералниот секретар на воената алијанса, Марк Руте, дојде во ненадејна посета на Киев само два дена по преземањето на функцијата.
Тој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во текот на денот сирените за воздушен напад двапати се огласија низ главниот град, нагласувајќи ја ситуацијата со која се соочуваат жителите на главниот град и другите региони на земјата.
„Им благодарам на секоја земја што ни помага со противвоздушната одбрана. Посебна благодарност до Романија за системите „Патриот“, напиша Зеленски на социјалната платформа Х порано позната како Твитер.
Во меѓувреме романското Министерство за одбрана потврди за РСЕ дека системот Патриот е испорачан.
Видете и ова: Украина соборила руски дронови над КиевГоворејќи по неговиот состанок со Зеленски, Руте вети дека ќе помогне во изградбата и одржувањето на поддршката на Западот за Украина додека таа се бори да ја одбие руската инвазија во целосен обем, започната од Кремљ во февруари 2022 година.
„Украина е поблиску до НАТО од кога било досега“, рече тој, забележувајќи ги неодамнешните чекори преземени од страна на алијансата кои помагаат да се „изгради мост за членство во НАТО“.
Тој го истакна и ризикои со кој се справуваат земјите членки на НАТО, како што е Романија, која се граничи Украина.
Руските беспилотни летала повторно го погодија критично важното украинско пристаниште Измајил, што го натера Букурешт со борбени авиони Ф-16 за да ја надгледува ситуацијата доцна на 2 октомври.
Имено портпарол на романското Министерство за одбрана, Константин Спину, за РСЕ на 3 октомври, потврди дека системот Патриот пристигна во Украина, откако претгодно минатиот месец во Букурешт беше усвоен предлог-законот потребен за трансфер на системот во Киев.
Според нацрт-законот, Романија ѝ дава на Украина право на слободно користење на системот.
Киев постојано бара од своите западни сојузници да достават помодерно оружје и системи за противвоздушна одбрана што ќе му помогнат од една страна да го заштити своето небо, а од друга страна да му дозволи да напаѓа воени цели подлабоко во Русија за да ги спречат силите на Москва да лансираат напади врз Украина од безбедно растојание.