Украинската воздушна одбрана собори околу 15 руски беспилотни летала над Киев во рано наутро на 3 октомври, изјави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на воената администрација на главниот град на Украина.
„Остатоци од дрон паднаа врз населбата Дешњански во главниот град без да предизвикаат повреди или штета за време на нападот, кој траеше повеќе од пет часа“, рече Попко.
Украинските воздухопловни сили известија дека елиминирале руски беспилотни летала и во регионите Чернихив, Полтава, Черкаси, Суми и Винице.
Видете и ова: Неколку ранети во руско гранатирање на украинската област ХаркивВо исто време, Русија објави дека во четвртокот рано наутро соборила 113 украински беспилотни летала во регионите Белгород, Курск, Воронеж и Брјанск, кои се граничат со Украина.
Руското министерство за одбрана соопшти дека најголем број беспилотни летала, 73, се пресретнати над Белгород.