Најмалку шест мртви во израелски напад врз Бејрут

илустрација

Најмалку шест луѓе загинале во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека на 3 октомври извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.

Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Јужните предградија на Бејрут од вчера беа мета на десетина израелски напади, еден ден откако Иран истрела повеќе од 180 проектили врз Израел.

Видете и ова: Иранскиот претседател вети „поостар одговор“ ако Израел му возврати на Техеран

ИДФ вчера соопшти дека осум војници загинале во копнена битка во јужен Либан додека израелските сили упаднаа на територијата на Либан.

Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати изјави дека околу 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади.