Петмина казахстански активисти кои се противат на изградбата на нуклеарна централа во Казахстан се ставени во притвор најмалку два месеци, изјавија нивните адвокати на 2 октомври.
Активистите, обвинети за планирање масовни немири, беа приведени на 29 септември, само една недела пред националниот референдум за нуклеарниот проект, што треба да се одржи на 6 октомври.
Владата на Казахстан се заложи за изградба на централата и покрај тоа има големо противење за овој проект.
Со оглед на строго контролираниот политички пејзаж на Казахстан, многумина очекуваат референдумот да помине.
Видете и ова: Претседателот на Казахстан го објави датумот на референдумот за контроверзниот проект за нуклеарна централаТочната локација за изградба на идната нуклеарна централа не е соопштена, иако се споменуваат две можни локации - Улкен кај езерото Балкас и Курчатов.
Казахстанското Министерство за енергетика во 2023 година соопшти дека рускиот „Росатом“ е еден од четворицата изведувачи чии реактори се разгледуваат за новата централа, а другите три се француската енергетска компанија ЕДФ, Кинеската национална нуклеарна корпорација и јужнокорејската фирма „Кореа Хидро и Нуклеар Пауер“.
Проектите поврзани со нуклеарната енергија се контроверзно прашање во Казахстан, каде што животната средина е сериозно погодена од операциите на полигонот за нуклеарно тестирање Семипалатинск од советската ера од 1949 до 1991 година и космодромот Бајконур, кој сè уште е управуван од Русија.