Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили одби да го потпише пакетот закони одобрен од парламентот минатиот месец, со кој групите за права и многу опозициски политичари велат дека драстично ги ограничува правата на ЛГБТ заедницата во земјата.
Таканаречениот предлог-закон за „семејни вредности“ беше протуркан низ парламентот од страна на владејачката партија Грузиски сон на 17 септември, на гласање што беше бојкотирано од опозицијата додека демонстрантите одржуваа собири пред зградата на парламентот.
Во согласност со одредбите на грузискиот Устав, Зурабишвили одби да го поддржи нацрт-законот и го врати во парламентот без писмени коментари, потврдија од Кабинетот на претседателката за РСЕ.
Овој потег го нагласува драматично поларизираниот политички пејзаж во кавкаската нација пред националните избори во октомври. Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили, коспонзор на нацрт-законот и член на Грузискиот сон сега се очекува да го потпише предлог-законот и да го објави во рок од пет дена.
Видете и ова: Грузија донесе рестриктивни анти-ЛГБТ закониПакетот законски измени, чиј целосен наслов е „За семејните вредности и заштита на малолетни лица“, носи измени на 18 актуелни закони, вклучително и законодавството за слобода на говор и изразување, како и за радиодифузија.
Мерките предвидуваат забрана на собири кои го промовираат правото на лицето да се идентификува како пол различен од „неговиот или нејзиниот биолошки пол“ и тие исто така забрануваат собири кои се залагаат за истополова ориентација или врски.
Опозицијата ги бојкотира парламентарните состаноци од мај, кога пратениците на Грузиски сон го одобрија нацрт-законот за „странско влијание“, кој западните влади и многу Грузијци го споредуваат со рускиот закон за „странски агенти“ Кремљ го користи за да го „задуши“ несогласувањето со неговите политики.
Видете и ова: Девет невладини организации во Грузија ставени во регистарот на „странски агенти“Законот бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „странски агенти“.
Зурабишвили стави вето на тој предлог-закон, но владејачката партија сепак го донесе и покрај повеќемесечните јавни протести и предупредувањата од Соединетите Држави и ЕУ дека мерката ја нагризува демократијата на Грузија и нејзиниот пат кон интеграција во западните институции.