Во средата рано наутро (2 октомври), руските војници го гранатираа Харкив, вториот по големина град во Украина, предизвикувајќи штета, објави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.
„Оштетени се приватни станбени згради и јавна гаража“, рече Терехов, додавајќи дека засега нема повредени.
Видете и ова: Најмалку 8 загинати во руски напади додека Украина го одбележува „Денот на бранителите“Во сличен напад на Дерхачи, мал град на околу 15 километри северно од Харкив, неколку луѓе беа ранети, меѓу кои и едно дете, објави гувернерот на Харков, Олег Синијехубов.
„Според службите за итна медицинска помош, пет лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче, добиле рани од шрапнели, а исто така биле лекувани од акутна стресна реакција како резултат на нападот во Дерхачи“, напиша Синиехубов на Телеграм.