Демократот Тим Волц и републиканецот Џеј-Ди Венс се спротивставија околу кризата на Блискиот Исток, имиграцијата, даноците, абортусот, климатските промени и економијата на потпретседателската дебата на која имаше повеќе политички несогласувања, а помалку лични напади.
Венс праша зошто Харис не направила повеќе за решавање на инфлацијата, имиграцијата и економијата додека служела во администрацијата на претседателот Џо Бајден.
„Ако Камала Харис има толку одлични планови за тоа како да се справи со проблемите на средната класа, тогаш таа треба да ги направи сега - не кога бара унапредување, туку на работата што и ја даде американскиот народ пред три и половина години“, рече Венс.
Видете и ова: Сочна дебата Харис-ТрампВолц го опиша Трамп како нестабилен лидер кој им давал приоритет на милијардерите и ги сврти критиките на Венс по прашањето за имиграцијата, напаѓајќи го Трамп за притисок врз републиканците во Конгресот да се откажат од двопартискиот нацрт-закон за безбедност на границата на почетокот од оваа година.
Дебатата во Центарот за емитување на Си-Би-Ес во Њујорк започна со ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, откако Израел продолжи со нападот врз јужен Либан, а Иран изврши одмазднички ракетни напади против Израел.
Видете и ова: Венс и Валц се договорија за дебата на први октомвриВолц рече дека Трамп е премногу „променлив“, додека Венс тврди дека Трамп го направил светот побезбеден за време на неговиот мандат.
На прашањето дали ќе поддржи превентивен напад врз Иран од страна на Израел, Венс посочи дека тоа е одлука на Израел, додека Валц не одговори директно на прашањето.
Волц, исто така, го критикуваше Трамп за неговата улога во назначувањето на тројца судии од Врховниот суд на САД, кои се приклучија на одлуката на судот за елиминирање на речиси половина век националното право на абортус, прашање што се покажа како штетно за републиканците.
Волц (60), либерален гувернер на Минесота и поранешен учител во средно училиште, и Венс (40), најпродаваниот автор и конзервативен американски сенатор од Охајо, се претставија себеси како двајца кандидати со длабоко спротивставени ставови за прашањата важни за дражавата.
Во јуни, Трамп учествуваше во дебата со претседателот Бајден, чии лоши перформанси доведоа до повици да се повлече од претседателската трка. Откако Харис стана кандидат на демократите, таа учествуваше во дебата со Трамп минатиот месец.
Гласачите во 6 од 50 американски држави веќе имаат можност да гласаат предвреме. До 16 октомври ќе се организира предвремено гласање во уште 14 држави.