Советот за безбедност на ОН денеска (2 октомври) ќе одржи итна средба за да ја разгледа ескалацијата на непријателствата на Блискиот Исток, соопшти Швајцарија, која овој месец е претседавачот со Советот.
„Закажавме состанок во 10 часот по њујоршко време (16:00 часот по средноевропско време)“, соопшти швајцарското претседателството.
Видете и ова: Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоаИран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел, што според соопштението на Револуционерната гарда е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас.
Израел соопшти дека повеќето од ракетите биле пресретнати и најави дека ќе одговори на нападот.