Иран се подготвува „неизбежно“ да изврши напад со балистички ракети врз Израел, според висок претставник на американската администрација кој предупреди на „тешки последици“ доколку тоа се случи.
Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека САД активно ги поддржуваат израелските одбранбени подготовки.
Видете и ова: Израелската армија започна копнена акција во јужен ЛибанИранските државни медиуми не сугерираат дека било каков напад е неизбежен.
Ова доаѓа откако израелската војска на 1 октомври ги предупреди луѓето и евакуираше речиси дваесетина либански погранични заедници, неколку часа откако објави дека почнува ограничени копнени операции против Хезболах.
Претставниците на Белата куќа веднаш не понудија никакви докази што ќе ги поддржат нивните разузнавачки наоди.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант разговараше со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за заканата од напад од Иран, се вели во соопштението на израелското Министерство за одбрана.
Тие разговараа за „оперативната подготвеност на Израел да ги брани своите граѓани и воени средства, како и за положбата на американските сили во регионот“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Шест лица загинаа во напади во јужен ИранИзраелскиот министер за одбрана Јоав Галант разговараше со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за заканата од напад од Иран, се вели во соопштението на израелското Министерство за одбрана.
Тие разговараа за „оперативната подготвеност на Израел да ги брани своите граѓани и воени средства, како и за положбата на американските сили во регионот“, се вели во соопштението.
Израелската војска соопшти дека започнала „целни и прецизни“ напади во Либан во, како што го нарече „ограничен“ копнеен упад што започна во текот на ноќта, додавајќи дека нејзините војници биле вклучени во „тешки борби“ со Хезболах поддржан од Иран, милитантната група која контролира голем дел од областа, и покрај противењето на САД на потегот поради стравувањата од поширок конфликт на Блискиот Исток.
Хезболах, која беше означена како терористичка организација од страна на Соединетите држави, соопшти дека одговорила на израелската офанзива со истрелување на низа проектили кон Израел, вклучително и на нејзината разузнавачка агенција во близина на Тел Авив.
Претставник на израелската безбедност изјави дека елитните командоси и падобрански единици биле вклучени во упади во јужен Либан, кои поминале само на кратко растојание преку границата.
Претходно, Авичај Адрае, портпарол на израелската војска, во порака објавена на арапски на Телеграм напиша дека во јужен Либан се водат „тешки борби“.
„За ваша лична безбедност ве замолуваме да не патувате со возила од север кон јужниот дел на реката Литани“, рече Адрае.
Адрае рече дека операцијата ја вклучува елитната 98-ма дивизија, која неодамна беше распоредена на север од Газа, и ќе ги таргетира упориштата на Хезболах.
Видете и ова: Вонреден состанок на шефовите на дипломаттите на ЕУ посветен на ЛибанИзраел вети дека ќе го продолжи притисокот врз Хезболах и прогласи воена зона во делови од северната граница со Либан, и покрај повиците од целиот свет за деескалација на ситуацијата.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека Израел не треба да се „заглави во мочуриште“ во Либан.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави дека Израел треба да престане со копнените напади во Либан за да избегне ескалација на конфликтот.
На 30 септември, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро исто така го повика Израел „да се воздржи од каков било копнеен упад и да го прекине огнот“.
Тој, исто така, го повика Хезболах „да го стори истото и да се воздржи од каква било акција што може да доведе до регионална дестабилизација“.