Најмалку осум лица загинаа, а неколку се ранети во руски напади врз украинските региони Херсон, Запорожје и Суми на 1 октомври, додека загрозената земја го одбележа Денот на бранителите среде се потешката ситуација на бојното поле на истокот, каде што офанзивата на Москва постигнува постепен напредок.
„Руски напад врз Херсон, токму во центарот на градот. Засега се потврдени 6 смртни случаи“, напиша претседателот Володимир Зеленски на X, додавајќи дека уште шест лица се ранети.
Видете и ова: Руте вети силна поддршка за УкраинаЛуѓето загинале кога руски проектили погодиле пазар во центарот на Херсон, додека другите шест биле ранети во одделен напад на автобуска постојка во јужниот град, изјави регионалниот гувернер Олександар Прокудин на Телеграм.
Градот Херсон беше ослободен од украинските трупи во ноември 2022 година, принудувајќи ги руските војници да се повлечат кон исток преку реката Днепар.
Но, Русија продолжи да го напаѓа Херсон на редовна основа од другата страна на реката, оставајќи бројни цивилни жртви и оштетувајќи ја цивилната и енергетската инфраструктура.