Шест лица загинале во два напади во јужен Иран, јави иранската државна телевизија.
Се додава дека меѓу убиените се локалниот командант на Револуционерната гарда, двајца нејзини доброволци и претседателот на градскиот совет.
Првиот напад се случил по училишна прослава во Никшахар, 1350 километри југоисточно од Техеран, додека двајца полицајци беа убиени во напад во Каш.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Видете и ова: Иран е во дилема како да одговори на атентатот на лидерот на ХезболахПретходно во септември, четворица граничари беа убиени во два напади во Иран. Одговорноста за еден од нив ја презеде Џаиш ал-Адл, група која бара поголеми права за етничкото малцинство Балочи.
Провинцијата Белуџистан е еден од најнеразвиените делови на Иран, граничи со Авганистан и Пакистан и претежно населена со сунитски муслимани.
Тоа е место на повремени судири меѓу милитантните групи и шверцерите на дрога со иранските власти.