Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се регрутираат нови 133 000 војници во есенската регрутација што започнува денеска и ќе трае до крајот на годината, а според шефот на канцеларијата за регрутирање, новите регрути нема да одат на боиштата во Украина.
Декретот на Кремљ, објавен вчера (30 септември) од рускиот државен весник „Росискаја газета“, повикува на мобилизација на граѓаните „на возраст меѓу 18 и 30 години, кои не се во резерва и се предмет на воена служба во согласност со федералниот закон), а станува збор за вкупно 133 000 лица.“
Шефот на руската канцеларија за регрутирање, вице-адмирал Владимир Цимлјански, рече дека условите за регрутирање остануваат исти - 12 месеци стаж во воените единици во Русија.
„Би сакал да забележам дека регрутите нема да бидат поканети да учествуваат во специјална воена операција во новите региони“, ги цитира весникот зборовите на рускиот вицеадмирал.
Видете и ова: „Шемата“ на рускиот импровизиран систем за мобилизацијаЗа Русија војната во Украина, што започна со инвазијата во февруари 2022 година, е специјална воена операција, додека Киев и неговите сојузници тоа го нарекуваат брутална агресија и неиспровоциран, империјалистички обид за заземање на земјата.
Британските медиуми потсетуваат дека во потегот што го осуди поголемиот дел од западниот свет, Русија кон крајот на 2022 година анектираше делови од југоисточна Украина, нарекувајќи ја земјата „нови региони“.
Наведувајќи ги зголемените закани на западните граници на Русија, Путин нареди во септември руската армија да се зголеми за 180 000 војници, на 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина во светот, по кинеската.