Пратениците на албанската десничарска опозиција во понеделникот (30 септември) ги извадија столчињата од парламентот и ги запалија во знак на револт поради затворската казна изречена на еден од нивните колеги.
Ервин Салијани, од најголемата опозициска Демократска партија, беше прогласен за виновен минатата недела за лажно сведочење во случај за трговија со дрога, кое беше насочено против брат на пратеник од владејачката Социјалистичка партија.
Судиите се посомневаа дека некои опозиционери направиле лажни снимки.
Видете и ова: Албанија напред, Северна Македонија стои на патот кон ЕУОпозицијата го опиша апсењето и осудувањето на Салијани како „слеп чин на одмазда и политички терор против Демократската партија“ и го обвини премиерот Еди Рама дека стои зад сето тоа.
„Ќе ја продолжиме борбата против Рама, кој е единствениот одговорен за оваа ситуација“, изјави шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газменд Барди.
Рама, пак, ја поздрави пресудата на судот за случајот, за кој рече дека ја „потресе“ јавноста. Тој реагираше и на случувањата во парламентот и на палењето на столчињата.
„Некој ми ја пушти оваа слика… Ова е оган запален со столчињата на пратениците избрани да седат и да ги претставуваат оние што ги гласале и тоа како знак на револт против судска одлука“, рече Рама порачувајќи дека од нив како политичари се очекува „одговорност, политичка претпазливост и посветеност на реформите кои ги опфаќаат европските вредности“.
Пратениците од опозицијата ги повикаа граѓаните на 7 октомври да се соберат во главниот град Тирана за да протестираат против Рама.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Најавија дека ќе ги блокираат патиштата низ државата.
„Битката на 7 октомври ќе биде битка на нашите животи“, рече во неделата лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша.
Бериша е во домашен притвор од декември минатата година под обвинение за „пасивна корупција“ за време на неговиот мандат од 2005 до 2013 година.
Тој ги отфрли обвинувањата против него како политички мотивирани и го обвини Рама дека стои зад нив додека Албанија се подготвува за парламентарните избори следната година.