Најмалку 90 лица загинале во ураганот Хелена, кој на крајот на минатата недела ги погоди југоисточните држави на САД, објави Ројтерс врз основа на податоци од локалните власти во Јужна и Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Вирџинија и Тенеси.
Ураганот предизвика катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија и нанесе и голема материјална штета.
Милиони луѓе останаа без струја и со уништени домови, патишта и мостови.
Видете и ова: Најмалку 50 луѓе загинаа и милиони останаа без струја, последица од ураганот Хелен во југоисточниот дел на САДСпоред последните податоци, најмногу од жртвите – 36, загинале во Северна Каролина.
Јужна Каролина пријавила 25 смртни случаи, Џорџија 17, а Флорида 11. Вирџинија пријавила два смртни случаи, исто како и Тенеси.
Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем.
Осигурителните компании проценуваат дека штетата би можела да биде меѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари.