Израелската војска ги прошири своите напади врз милитантните групи поддржани од Иран. На 29 септември изврши напади врз јеменскиот пристанишен град Ходеида, кој е под контрола на бунтовниците Хути, сојузници на Техеран.
Во меѓувреме ги интензивираше воздушните напади врз упориштата на Хезболах во јужен Бејрут и на други места во Либан, предизвикувајќи стравувања меѓу глобалните лидери од сеопфатна блискоисточна војна.
„Во голема воздушна операција денеска, десетици воздухопловни авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за полнење гориво и извидувачки авиони, нападнаа цели за воена употреба на терористичкиот режим Хути во областите Рас Иса и Ходеида во Јемен“ изјави портпаролот на израелската војска капетан Дејвид Авраам изјави за новинската агенција Франс прес на 29 септември.
Видете и ова: Израел продолжи со напади врз цели на Хезболах во ЛибанВојската соопшти дека воздушните напади биле насочени кон поморско пристаниште управувана од Хутите кои се користат за увоз на нафта и наводно примање иранско оружје. Претходно, во јули Израел го нападна истото пристаниште.
Јемен е во граѓанска војна уште од 2014 година, кога бунтовниците Хути го зазедоа главниот град Сана, што ги натера силите предводени од Саудиска Арабија да интервенираат за поддршка на меѓународно признатата влада и доведе до огромна хуманитарна катастрофа во земјата со околу 40 милиони луѓе на арапскиот Полуостров.
Голема количина на хуманитарна помош пристигнуваше преку пристаништето во Ходеида, но тоа се наруши откако Хутите го зазедоа објектот.
Израелскиот министерот за одбрана Јоав Галант на 29 септември изјави дека Израел ќе ги нападне непријателите без разлика на растојанието.
Јеменските бунтовници Хути, Хезболах во Либан и Хамас во Газа се сметаат за ирански застапници во регионот.
Бунтовниците Хути гаѓаа бродови во Персискиот Залив и лансираа проектили кон Израел во текот на изминатата година, тврдејќи дека тоа е поддршка на борците на Хамас во Газа.
Хезболах и Хамас се прогласени за терористички организации од САД. Европската унија, исто така, го означува Хамас како терористичка организација. На европската црна листа е ставена и вооруженото крило на Хезболах, но не и нејзината политичка партија.