Американската Централна команда (Центком) на 29 септември соопшти дека извршила два воздушни напади во Сирија во кои загинале, како што тврди, десетици терористички оперативци и со тоа ја прекинале радикалната милитантна група Исламска држава (ИД) и наводниот огранок на Ал Каеда да дејствува против САД или нејзините партнери.
Во нивното соопштение е наведено дека во нападите на 16 и 24 септември загинале „37 терористички оперативци, вклучително и повеќе високи лидери“ на ИД и сириската огранок на Ал Каеда Хурас ал-Дин.
Видете и ова: Иран: Милитантните групи ќе продолжат со борбата против ИзраелНајавата доаѓа со зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток во услови на тековната израелска војна во Газа и големата ескалација на насилството меѓу Израел и милитантната либиска група Хезболах, поддржана од Иран.
Хезболах исто така има врски со Сирија и нејзиниот владетел претседателот Башар ал Асад.
Американската централна команда ги нарече сириските операции дел од напорите за „прекинување и деградирање на напорите на терористите за планирање, организирање и спроведување напади против цивили и воен персонал од САД, нашите сојузници и нашите партнери низ целиот регион и пошироко“.
Во него не се споменуваат конкретни закани за Соединетите Држави или нивните сојузници или партнери.
Нема информации за други можни жртви, а РСЕ не може да ги потврди информациите за нападите.
Центком рече дека „воздушен напад од големи размери“ на 16 септември бил насочен кон оддалечен камп за обука на ИД во централна Сирија, при што биле убиени „најмалку 28 оперативци на [ИД], вклучително и најмалку четворица високи водачи“.