Jапонската владејачка партија го избра поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба за свој лидер, кој наскоро ќе ја преземе функцијата премиер Ишиба.
Ишиба, кој е експерт за одбранбена политика, предложи азиска верзија на воениот сојуз на НАТО и порамноправен безбедносен сојуз меѓу Јапонија и Соединетите Држави.
Ишиба ја победи министерката за економска безбедност Санае Такаичи, која се кандидираше да стане првата жена премиер на Јапонија.
Во моментот кога беше објавена неговата победа, Ишиба стана, мавташе и се поклони многу пати во знак на благодарност.
Тој вети дека партијата повторно ќе стане „скромна и искрена“ и отворена за активна дискусија.
„Ќе го посветам целото мое тело и душа за да ја направам Јапонија безбедна и сигурна земја во која секој ќе може да живее со насмевка“, рече тој.
Премиерот во заминување Фуми Кишидо беше опфатен со партиски корупциски скандали, а ЛДП сакаше нов лидер со надеж дека ќе ја врати довербата на јавноста пред веројатните општи избори.
Видете и ова: Јапонскиот премиер Кишида нема да се кандидира на партиските избориНекои експерти веруваат дека партиските превирања може да значат дека Јапонија ќе се врати во ерата пред 20 години, кога имаше промени во раководството и политичка нестабилност.
Низата краткотрајни влади ја повредува способноста на јапонските премиери да поставуваат долгорочни политички цели или да развиваат односи со други лидери.
Следниот вторник Кишида и министрите ќе поднесат оставки.
Откако и официјално ќе биде избран на парламентарните избори, Ишиба во текот на денот ќе го предложи составот на новата влада.
Кишида му ја честиташе победата на Ишиба и рече дека ова е нов почеток за неговата партија, наведувајќи дека „ЛДП ќе се прероди, ќе ги исполни очекувањата на граѓаните и ќе постигне резултати“.