Американскиот претседател Џо Бајден го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа на 26 септември, откако најави милијарди воена помош за Киев, инсистирајќи повторно дека Русија „нема да надвладее“ во нејзината инвазија на Украина.
Зеленски му го претстави на Бајден, како што тој го нарече негов „план за победа“ и повторно побара Соединетите држави да ги укинат ограничувањата за употребата на оружјето со долг дострел што го обезбедија за удар длабоко во Русија врз воени цели.
„Русија нема да надвладее. Украина ќе победи, а ние ќе продолжиме да стоиме покрај вас на секој чекор“, му рече Бајден на Зеленски во Овалната соба, откако му се заблагодари за презентирањето на неговиот план.
„Длабоко цениме дека Украина и Америка застанаа рамо до рамо“, рече Зеленски, облечен во темно зелена облека во воен стил.
Зеленски, исто така, се сретна со потпретседателката Камала Харис, кандидатката на Демократската партија за претседател, и со неа го сподели својот „план за победа“.
Видете и ова: Зеленски во САД ќе му го претстави „планот за победа“ на БајденХарис му кажа на Зеленски дека нејзината поддршка за народот на Украина е непоколеблива.
„Украинскиот народ храбро ги брани своите домови и својата татковина, својата слобода и својата демократија против бруталниот диктатор“, му кажала Харис на Зеленски во Белата куќа.
Таа исто така рече дека повиците Украина да и отстапи територија на Русија се „опасни и неприфатливи“. Додаде дека предлозите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседател, сенаторот Џеј Ди Ванс дека Украина треба да склучи договор за завршување на војната не беа предлози за мир, туку „предлози за предавање“.
Видете и ова: САД ветија 8 милијарди долари воена помош за Украина пред разговорите Бајден-ЗеленскиБајден претходно на 26 септември најави повеќе од 8 милијарди долари воена помош за Киев и повтори во изјавата дека Соединетите Држави „ќе и дадат на Украина потребната поддршка за да победи во оваа војна“.