Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва пристигна во официјална посета на Северна Македонија.
Тој слета во Охрид, каде го пречека македосниот премиер Христијан Мицкоски.
„Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Официјалните средби и активности ќе започнат утре на 27 септември.
Видете и ова: Унгарскиот премиер Орбан во официјална посета на Северна МакедонијаОрбан со себе води голема делегација, а денеска во Охрид може да се забележи зголемено полициско присуство во текот над целиот ден.
Попладнево можеше да се забележи како полициски хеликоптер го надлетува градот.
Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.
Муцкоски в петок ќе оствари официјална тет а тет средба со Орбан во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.