Симултана патрола на војската на Србија и КФОР оваа недела била извршена во реонот на одговорност на воената база Шушњак кај Куршумлија, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Разменети се информации за состојбата на терен и прибрани се податоци значајни за реализација на идните задачи“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на 26 септември.
Се додава дека српската армија континуирано соработува со мировната мисија КФОР на Косово во контролата на Копнената безбедносна зона.
Копнената безбедносна зона (КЗБ) со ширина од пет километри меѓу Косово и Србија беше дефинирана со Воено-техничкиот договор на 9 јуни 1999 година во Куманово помеѓу мисијата КФОР, Србија и тогашната Сојузна Република Југославија (СРЈ) по НАТО бомбардирање на СРЈ.
Видете и ова: КФОР го зголеми присуството на мостот на ИбарМинистерството соопшти дека воспоставените линии на комуникација меѓу КФОР и Армијата на Србија овозможуваат континуирана размена на информации „без разлика дали се работи за спроведување на редовни задачи или за настани кои бараат итен одговор од една од страните“.
Министерството за одбрана наведува дека од 2001 година се одржуваат состаноци на сите нивоа, а се разменуваат
и информации за актуелната безбедносна состојба на Косово и во копнената безбедносна зона.
„На овие средби се договараат мерки за подобрување на безбедносната состојба преку планирање заедничко извидување, симултани патроли и набљудувачки пунктови“, велат од МО.
Се додава дека патролите влијаеле на намалување на незаконските активности во контролната зона.
Соопштено е дека патролите на Армијата на Србија и КФОР се спроведуваат од 2005 година во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и воено-техничкиот договор.