Промените во нуклеарната доктрина на Руската Федерација треба да ги обесхрабрат западните сојузници на Украина да ги поддржуваат нејзините напади врз Русија, објави на 26 септември портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на рускиот Совет за безбедност на 25 септември, изјави дека сегашната ревизија на нуклеарната доктрина подразбира дека Москва конвенционален напад на било која земја врз Русија, која го поддржува и нуклеарна сила, ќе го смета за заеднички напад.
Сегашната нуклеарна доктрина на Русија подразбира дека нуклеарното оружје може да се користи во случај на нуклеарен напад или конвенционален напад што го загрозува постоењето на државата.
Видете и ова: Се гледа ли крајот на контролата на нуклеарното оружје?Ревидираната верзија вели дека Русија би можела да користи нуклеарно оружје како одговор на конвенционален напад што претставува „критична закана за суверенитетот на Руската Федерација.
„Се предлага агресија врз Русија од која било ненуклеарна држава, но со учество или поддршка на нуклеарна држава, да се смета за нивен заеднички напад врз Руската Федерација“, рече Путин.
„Јасно се воспоставени и условите за транзиција на Русија кон употреба на нуклеарно оружје“, рече Путин.
Тој додаде дека Москва ќе размисли за таков потег доколку добие веродостојни информации за почеток на масовен прекуграничен воздушен напад од стратешки и тактички авиони, крстаречки ракети, беспилотни летала и хиперсонично оружје.
Путин, исто така, рече дека списокот на држави и воени сојузи кои се предмет на нуклеарно одвраќање треба да се прошири, но не кажа кои земји ќе бидат додадени.
Видете и ова: Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракетаВисокиот украински владин функционер Андриј Јермак на 25 септември на Телеграм наведе дека овој потег докажува дека на Москва не и преостанува ништо друго освен нуклеарна уцена за заплашување на светот.
Откако Путин испрати војници во Украина во 2022 година, тој и другите во Кремљ му се заканија на Западот со рускиот нуклеарен арсенал за да го обесхрабрат да ја зголеми својата поддршка за Киев.
Ревизијата доаѓа додека украинскиот претседател Володимир Зеленски бара дозвола од неговите сојузници во Соединетите држави и Европа да користи оружје со поголем дострел за да напаѓа длабоко во руската територија.
Промената следи по предупредувањето на Путин до Соединетите Американски Држави и другите сојузници во НАТО дека ако ѝ се дозволи на Украина да користи оружје со поголем дострел доставено од Западот за да ја нападне руската територија, би значело дека Русија и НАТО се во војна.
Путин рече дека ревизиите се внимателно калибрирани и сразмерни на современите воени закани со кои се соочува Русија.