САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможат преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.
Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се наведува дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација.
„Повикуваме на итен 21-дневен прекин на огнот долж либанско-израелската граница за да се отвори простор за дипломатија. Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да прифатат привремен прекин на огнот“, се вели во соопштението.
Видете и ова: ИОМ: Над 90.000 новораселени по нападите на Израел врз Либан„Најавивме 21-дневен прекин на огнот долж израелско-либанската граница. Успеавме да добиеме значителна поддршка од Европа, како и од арапските земји. Важно е војната да не се прошири“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
Немаше непосредна реакција од израелската или либанската влада или од страна на Хезболах, но високи американски претставници рекоа дека сите страни се свесни за повикот за прекин на огнот и дека ќе објават реакција во наредните часови.
Додека повикува на прекин на огнот, Израел се подготвува за можна копнена инвазија на Либан.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Високи американски претставници рекоа дека очекуваат договор за прекин на огнот да биде постигнат „во следните неколку часа“ долж израелско-либанската граница.
Зборувајќи со новинарите доцна во ноќта за време на вонреден телефонски брифинг, претставници на американската администрација рекоа дека исцрпната дипломатија зад сцената резултирала со близок договор меѓу двете страни, пишува Скај Њуз (Sky News).
Тие изјавија дека Хезболах нема да биде потписник на прекинот на огнот, но веруваат дека либанската влада ќе го координира прифаќањето на договорот со оваа група.