Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска (25 септември) во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на ОН, ќе ги собере лидерите на Западен Балкан на традиционалниот работен ручек, соопшти Европската Комисија.
„В среда, високиот претставник Борел ќе биде домаќин на шестмина лидери од Западен Балкан на традиционалниот работен ручек“, се вели во соопштението на Комисијата, која претходно ги објави активностите на претставниците на ЕУ во ОН.
Видете и ова: Лидерите на Западен Балкан на разговор за реформската агенда во БриселИ минатата година Борел беше домаќин и на неформален состанок со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Минатата недела пак во Брисел, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен одржа работен состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан на кој претставниците на земјите ја претставија својата реформска агенда, од чие исполнување ќе зависи дали ќе им бидат исплатени средствата од Планот за раст за Западен Балкан, кој го доделува ЕК.
При презентацијата на овој план, на земјите од регионот јасно им беше кажано дека доколку не спроведат реформи по една или две години, таа сума ќе биде распределена на други земји.