Покренато е обвинение против организациска директорка на Јавна здравствена установа - Универзитетска клиника за токсикологија. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, обвинетата ги пречекорила своите службени овластувања, а буџетот на Клиниката го оштетила за сума од 659 781 денари.
„Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.
Видете и ова: Повторно спорни договорите за вработување на 18 луѓе на ТоксикологијаДодаваат дека обвинетата на списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи.
„На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659 781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист“, соопштија од ОЈО.
Обвинетата за организациска директорка беше назначена на 14 февруари, од страна на поранешниот министер за здравство Илир Демири. Нејзиното директорување беше проследено со неколку скандали.