Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Советот за безбедност на ОН на 24 септември рече дека Русија може само да се „принуди“ на мир и ги осуди Иран и Северна Кореја како „соучесници“ кои и помогнале на Москва давајќи и оружје што го користела во нападите врз Украина.
„Рускиот претседател Владимир Путин „прекрши толку многу меѓународни норми и правила што нема да застане сам, Русија може само да биде принудена на мир, а токму тоа е потребно - да се принуди Русија на мир како единствен агресор во оваа војна“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека идејата за разговор со Путин би била „лудост“, бидејќи тој исто така ја критикуваше Русија дека ги направила Иран и Северна Кореја „де факто соучесници во нивната криминална војна во Европа, со нивното оружје што нè убива нас, убива Украинци“.
Пред средбата, рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја изјави дека руската делегација нема намера да слуша „клонирани говори“ во кои се критикува Москва за нејзината агресија врз Украина. Но, Небензја не ја напушти салата за време на говорот на Зеленски.
Претходно, на 24 септември, Зеленски го повика Вашингтон да преземе „одлучна“ акција за да се стави крај на војната, бидејќи Русија започна нова серија напади врз вториот по големина град во Украина, при што загинаа три лица.
Видете и ова: Зеленски повика на „одлучна“ акција на САД за ставање крај на војната„Целта на руските бомби беа станбена зграда, пекара, стадион. Со други зборови, секојдневието на обичните луѓе“, рече Зеленски на мрежата „X“, а тоа го докажува секој ден со нејзините акции, со неговиот избор да води војна и обидите да ја прошири“.
Тој објави слика на која се гледа тешко оштетената фасада на деветкатницата и урнатините расфрлани низ улицата. Рече дека најмалку три лица загинале, а 24 се повредени.
Украинскиот лидер, кој се наоѓа во Соединетите Држави, претходно се сретна со двопартиска делегација на американски претставници, изразувајќи ја благодарноста на Киев за, поддршката од Соединетите Држави. Тој ја истакна и клучната улога на САД во одбраната на слободата на Украина. Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, САД и нивните западни сојузници обезбедија милијарди долари воена помош и воведоа неколку рунди санкции кон Русија.
Видете и ова: Бајден предупреди на „целосна војна“ по израелските напади врз Либан„Одлучувачките потези би можеле да го забрзаат крајот на руската агресија против Украина следната година“, рече Зеленски на Телеграм по средбата со сенаторите.
„Сега, на крајот на годината, имаме вистинска можност да ја зајакнеме соработката меѓу Украина и Соединетите Држави“, рече украинскиот претседател.
Зеленски треба да се обрати на Генералното собрание на 25 септември, а ден потоа да разговара со американскиот претседател Џо Бајден.
Зборувајќи за ABC News, Зеленски рече дека само „силна позиција“ може да и овозможи на Украина да го убеди рускиот претседател Владимир Путин „да ја прекине војната“.
„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме“, рече Зеленски.
Иако Русија окупира околу 20 отсто од територијата на Украина и напредува во источниот регион Доњецк, Киев ја изненади Москва кога минатиот месец започна напад врз западниот регион Курск и зазеде неколку руски села.