Американскиот претседател Џо Бајден предупреди на можноста од „целосна војна“ на Блискиот Исток, повикувајќи ги лидерите да најдат дипломатски решенија и во Либан и во Газа.
„Сеопфатната војна не е во ничиј интерес“, рече Бајден во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Неговото обраќање следува по израелските напади во Либан, насочени кон Хезболах, а во кои загинаа повеќе од 550 луѓе.
„Иако ситуацијата ескалира, сепак е можно дипломатско решение. Всушност, тоа останува единствениот пат кон трајна безбедност ќе овозможи жителите на двете земји безбедно да се вратат во своите домови покрај границата. И тоа е она за што неуморно работиме да го постигнеме“, рече Бајден.
Видете и ова: Шест лица загинаа во нападот на израелската војска во БејрутЗа време на неговото последно обраќање во ОН како претседател на САД, Бајден, се осврна и на војната во Украина испраќајќи порака дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин „не успеала во својата цел“.
„Путин планираше да ја уништи Украина, но Украина е се уште слободна“, рече тој.
Американскиот претседател упати повик до лидерите во ОН.
„Светот мора да избере дали да ја продолжи поддршката за Украина или да се дистанцира од оваа агресија. Мојот одговор е дека нема да отстапиме од нашата поддршка за Украина“, рече американскиот претседател во говорот во Њујорк.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, САД и нивните западни сојузници обезбедија милијарди долари воена помош и воведоа неколку пакети санкции кон Русија.
Во САД, исто така, е и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој ќе се обрати пред Обединетите нации утре.
Видете и ова: Зеленски повика на „одлучна“ акција на САД за ставање крај на војнатаОбраќањето на Бајден пред ОН е на четири месеци пред истекот на неговиот мандат, а војните во двата региона претставуваат предизвици кои веројатно ќе го надминат неговото претседателствување.
Во неговиот мандат како претседател на САД доминираа предизвиците во надворешната политика – од руската инвазија на Украина која започна во февруари 2022 година до нападот во јужен Израел на 7 октомври и земањето заложници од страна на палестинската милитантна група Хамас, која е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ, како и до последователните напади што Израел ги започна врз Газа.
Спротивставувањето на Кина и Иран, кои ги поддржуваат Хамас и Хезболах, се исто така некои од предизвиците со кои се соочува Бајден.
Видете и ова: Саливан: Бајден не се откажува од примирје во ГазаВо говорот пред ОН, тој рече дека во текот на неговото време поминато како американски сенатор, потпретседател и претседател видел многу очај во светот, но светот има капацитет за помирување.
„Секогаш ќе има сили кои нè раздвојуваат. Нашиот текст е дали оние сили што нè држат заедно се посилни од тие што нè разделуваат“, рече Бајден.
Неговиот говор во ОН е централниот дел од дводневната посета на светските лидери на Њујорк за Генералното собрание на ОН, на кое ќе се разговара и за климатските промени, а ќе има и средба помеѓу Бајден и претседателот на Виетнам.