Американскиот претседател Џо Бајден е решен да постигне прекин на огнот во Газа и договор за заложници со Хамас, кој ЕУ и САД го прогласија за терористичка организација. Во исто време, Бајден се обидува да ги намали тензиите на границата на Израел со Либан, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
„Тој апсолутно не се откажа“, рече Саливан во интервју за MSNBC неколку часа пред Бајден да одржи говор пред Генералното собрание на Обединетите, што ќе биде негово последно обраќање таму како американски претседател.
Во Њујорк Бајден ќе се состане со други светски лидери за да работат на договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, како и на спречување сеопфатна војна на Блискиот Исток, рече Саливан.
Видете и ова: Во последните напади врз Газа 7 лица загинаа, повеќе од 15 се повредениИсто така, тој посочи дека има предизвици да се постигне договор меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, Јахја Синвар, додавајќи дека особено Хамас и Синвар „не сакаат да склучат договор“.
„Но, ние сме решени да продолжиме“, рече Саливан.
САД работат на смирување на тензиите во регионот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври што доведе до напади врз Појасот Газа кои траат речиси една година.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, исто така, рече дека расте и конфликт што Израел го има на северната граница со Хезболах.
„Верувам дека можеме да најдеме начин да ги намалиме тензиите и преку таа северна граница меѓу Израел и Либан и да дојдеме до дипломатско решение што ќе им овозможи на луѓето да се вратат во своите домови“, рече Саливан.
Видете и ова: Франција побара итна седница на СБ на ОН за ситуацијата во ЛибанИзраелските воздушни напади врз цели на Хезболах продолжија во текот на ноќта поради што илјадници луѓе ги напуштаат своите домови во јужен Либан.
Либанските власти известија за најмалку 558 загинати и уште 1.835 ранети во нападите.
Израел објави дека извршил повеќе од 1.300 напади врз цели во Либан, вклучително и еден на главниот град Бејрут.