Претскажувачи на бурни промени

Илустрација - поплави

Поплави, урагани, изгор жешко лето...Временските услови стануваат екстремни, се повеќе, но колку може да се предвидат. Од што зависи временската прогноза, како се одредува и за колку однапред може прецизно да се прогнозира во подкастот Зошто разговараме со метеорологот Ирена Лазарова Димитровска

Секој од нас барем еднаш во денот погледнува во мобилниот телефон да ја провери временската прогноза. Метеорологот Ирена Лазарова Димитровска која редовно од телевизиските екрани ни ја соопштува временската прогноза вели дека и таа понекогаш го погледнува во апликациите, но сигурната прогноза е многу покомпликувана и вели дека ги користи податоците на Хидрометеоролошкиот завод, но и прави своја прогноза со прецизни нумерички методи.

За до три дена има прецизност до 90 отсто, а толку е и за 10-дневна прогноза. Колку е,подалеку помала е прецизноста, до половина месец може да се каже дека е сигурна.

Често добива повици од разни луѓе кои планираат настани на отворено, а „најгусто“ е во мај и јуни кога има матурски прослави, свадби...

Такви се луѓето, сакаме однапред да ги знаеме работите, па ние сме како некои претскажувачи. Ако може година однапред. Па се случувало да ме прашаат во лето – а за Нова година ќе има снег да си планираме нешто? Па им велам - некој ден сигурно ќе има снег, зима е.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Зошто зачестија екстремните временски промени?

Но на Ирена никогаш не и досадуваат овие повици затоа што за неа се знак дека и веруваат, од тоа ги следат метеоролозите кои се делумно прецизни, признавајќи дека грешки сепак се јавуваат.

Климата дефинитивно се менува заради глобалното затоплување. Температурата на планетава е зголемена според последните истражувања е 1,3 степени. Но главен фактор за тоа е човекот.

Овие климатски промени придонесуваат за големи екстреми, на пример за ден два има промена од 10 до 20 степени. Просекот на температурите е ист, но екстремите се тие што ја менуваат климата. На релативно мал простор се почесто се случуваат некои бурни ситуации, торнада, тропски циклони што не се типични за Балканот. Се почесто ќе имаме суши и шумски пожари.

Масовната урбанизација ја смени и климата во Скопје, и според Лазарова Димитровска на летните температури што ги мери во сенка Хидрометеоролошкиот завод во градот треба да се додадат уште пет, шест степени за да се добие вистинската температура од вжештениот бетон и асфалт на улиците.

А ова е нејзиното предвидување за времето следните два месеца.

Интересно што во септември имавме нагло заладување, од 40 на 15 степени, тоа е екстрем. Од досегашните анализи претходните години, најчесто кога септември е малку посвеж од вообичаеното обично имаме некое продолжено лето во октомври и ноември. Верувам дека тоа ќе се случи повторно. Гледано од сега октомври би требало да биде нешто потошпол од овие температури што моментално ги имаме.

Ирена Лазарова Димитровска во подкастот Зошто со Сања Васиќ

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб и Ејпл . Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.