Покренато обвинение за убиството на девојчето Данка Илиќ од Србија

Српската полиција ја пребарува областа за да го пронајде телото на Данка Илиќ, која исчезна во март, Бор, Србија, април 2024

Вишото јавно обвинителство во Заечар на 24 септември покрена обвинение против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на девојчето Данка Илиќ кај Бор во источна Србија, беше потврдено за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според соопштението на обвинителството за РСЕ, Драгијевиќ и Јанковиќ се товарат за „тешко убиство во соизвршителство“, како и за „непријавување на делото“ и „помагање на сторителот по извршувањето на делото“.

Данка Илиќ исчезна на 26 март пред куќа во населбата Бањско Поље кај Бор, а нејзиното исчезнување првпат го активираше системот „Најди ме“, односно „Амбер Алерт“ во Србија, кој итно ја известува јавноста за исчезнувањето на дете.

Полицијата во Србија во април соопшти дека се уапсени две лица осомничени дека го убиле девојчето.

Министерот за полиција на Србија Братислав Гашиќ на прес-конференцијата изјави дека осомничените вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор со автомобил ја удриле Данка и нејзиното тело го фрлиле во депонија. Според него, тие на 26 март биле на службена должност во Бањско Поље.

Видете и ова: Двегодишната Данка ја удриле со возило и фрлиле на депонија

Иако полицијата тогаш соопшти дека осомничените го признале делото, Вишото јавно обвинителство Зајечар во јули соопшти дека осомничениот за убиството на двегодишното девојче негирал дека го сторил делото.

И ова обвинителство претходно соопшти дека од службеното возило на ЈКП „Водовод“ одземени се над 500 траги за кое полицијата се сомнева дека го управувале двајцата осомничени кога ја удриле девојката.

Видете и ова: Нема трага од исчезнатото девојче во Србија по пребарувањето на тунелите и подземните канали

„Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, како во самиот автомобил, така и на надворешните делови на возилото“, соопшти обвинителството во јули.

Полицијата во Србија се уште не го пронашла телото на девојчето.