Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во израелските воздушни напади се искачи на 492 лица, а уште 1645 се ранети.
Како што пренесува ДПА, Министерството соопшти дека 35 деца и 58 жени биле убиени откако Израел го започна својот најсмртоносниот бран воздушни напади врз милицијата Хезболах, поврзана со Иран, од 2006 година.
Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера наутро и во нив беа погодени 1300 цели на Хезболах, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како превентивен напад чија цел е да се елиминира оружјето на Хезболах.
Видете и ова: САД испраќаат војници на Блискиот Исток додека конфликтот меѓу Израел и Хезболах се интензивираИзраел ги повика либанските граѓани да се евакуираат од областите каде што тврди дека шиитската група складира оружје.
Либанскиот министер за здравство, д-р Фирас Абијад, изјави дека десетици илјади луѓе ги напуштаат своите домови на југот на земјата, додавајќи дека „главната цел на овие напади била да се поттикне егзодусот на цивилите од целните области“.
Последните напади доаѓаат во време на некои од најтешките прекугранични размени на оган во речиси една година конфликт, додека Израел го префрла фокусот на својата северна граница, каде Хезболах истрелува ракети за поддршка на својот сојузник Хамас (која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација), кој се бори со израелските сили во Газа.