Група сопруги, мајки и деца на мобилизирани руски војници распоредени во целосната инвазија врз Украина од нивната земја протестираа пред Министерството за одбрана во Москва, при што е објавен неодреден број притворени, пишува Current Time - медиумски проект на руски јазик што го води Радио Слободна Европа.
Видете и ова: Над 20 ранети во руски напад врз станбени згради во ХаркивПротестот во руската престолнина на 21 септември се совпадна со датумот пред две години кога рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за делумна мобилизација.
Групата, наводно, побарала средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, како и демобилизација.
Во еден момент, демонстрантите, на број од дваесетина, се соочиле со група која се обидувавла да ги растера.