Државни избори се одржуваат во Бранденбург на 22 септември, три недели откако екстремно десничарската партија победи во две други покраини во источна Германија.
Околу 2,1 милион луѓе се пријавени да гласаат за нов покраински парламент во Бранденбург, покраината што го опкружува Берлин, главниот град на Германија.
Видете и ова: Германскиот канцелар загрижен поради успехот на крајната десница на регионалните избориИзборите во недела внимателно се следат, бидејќи даваат знаци за политичката насока на земјата.
Последните анкети покажаа изедначеност на екстремно десничарската Алтернатива за Германија со Социјалдемократите, партијата која постојано управува со Бранденбург од обединувањето на Германија во 1990 година.