Главната опозициска партија доминираше на регионалните избори во Чешка.
Таа беше и во предност во првиот круг од гласањето за Горниот дом на Парламентот, според резултатите објавени на 21 септември.
Видете и ова: Чесите гласаа на изборите и покрај поплавитеСо речиси сите пребројани гласови, движењето АНО (ДА) предводено од поранешниот популистички премиер Андреј Бабиш победи во 10 од 13-те региони кои беа оспорувани на дводневните избори, соопшти чешкиот завод за статистика.
Резултатот одразуваше стабилна поддршка за АНО, која исто така освои 10 региони во 2020 година и девет во 2016 година.
Тоа е и поттик за Бабиш пред општите избори следната година.