Сојузниците на Киев ја зголемија воената поддршка за Украина овој месец, рече претседателот Володимир Зеленски, откако Европската унија (ЕУ) вети нов заем од 39 милијарди долари за да ѝ помогне на земјата да закрепне.
„[Помошта] се забрза во септември и ја чувствуваме разликата“, рече Зеленски вечерта на 20 септември.
Заемот од ЕУ поддржан од приходите од замрзнатите руски средства, го објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која го посети Киев на 20 септември.
Видете и ова: Руски војници обвинети за вмешаност во убиство на Американец во УкраинаПред патувањето, таа рече дека ЕУ ќе обезбеди дополнителни 178 милиони долари за да ѝ помогне на Украина да ја поправи оштетената енергетска инфраструктура, да ги прошири обновливите извори на енергија и да финансира засолништа.
Сепак, Зеленски укажа и на отпорот на САД да му дозволи на Киев да користи западно оружје за напади длабоко на руска територија, велејќи дека тоа е резултат на стравувањата на Белата куќа од потенцијална ескалација на потезите на Кремљ.
Експертите предупредија дека претстојната зима би можела да биде најтешката за Украина досега, бидејќи енергетската инфраструктура на земјата е под силен притисок поради руските удари врз нејзините електрани, топланите и преносните мрежи.