Израелската војска започна истрага откако нејзините војници беа снимени како ги фрлаат телата на тројца загинати Палестинци од покрив за време на рација на Западниот Брег.
Како што јавува Би-Би-Си, ситуацијата е снимена во Кабатија кај Џенин, а на едно од видеата се гледа како израелски воен булдожер ги крева и ги отстранува телата.
„Ова е сериозен инцидент кој не е во согласност со нашите вредности и очекувања на нашите војници“, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на 20 септември.
Локалните палестински власти соопштија дека израелските сили убиле најмалку седум лица во Кабатија на 19 септември.
Видете и ова: Комитетот на ОН соопшти дека Израел го прекршил договорот за правата на детето во ГазаИДФ соопшти дека извршила контратерористичка акција во Кабатија при што во размена на оган загинале четворица милитанти, како и дека тројца биле убиени по напад со дрон врз автомобил.
Новинар од Кабатија за Би-Би-Си изјави дека во четвртокот наутро, израелските војници опколиле зграда во тој град и снајперисти пукале во четворица мажи кои побегнале на покривот.
Тој додаде дека откако борбите во градот стивнале, видел дека израелските војници се качуваат на покривот и ги спуштаат телата, кои потоа биле натоварени во булдожер.
Израелската армија објави дека еден од убиените во антитерористичката операција во Кабатија е Шади Закарне, кој според неа е одговорен за нападите во северната област на Западниот Брег.
Видете и ова: Израелската војска погодила 7 локации на Хезболах во јужен ЛибанСпоред меѓународното право, војниците се обврзани да гарантираат дека телата на борците се третираат со почит.
Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за „злосторство што ја разоткри бруталноста на израелската армија“.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби ја опиша снимката како длабоко вознемирувачка.
„Ако се докаже дека е автентично, јасно би претставувало одвратно и ужасно однесување на професионалните војници“, рече Кирби.
Според палестинското Министерство за здравство, повеќе од 41.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа од нападот врз Израел на 7 октомври од страна на Хамас, кој САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација.