Европската комисија ќе ѝ даде на Украина нов заем до 39 милијарди долари, објави на 20 септември во Киев претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен (фон дер Лајен), велејќи дека тоа е „уште еден голем придонес на ЕУ за закрепнувањето на Украина“.
„Немилосрдните руски напади значат дека на Украина ѝ е потребна постојана поддршка од ЕУ“, рече фон дер Лајен во објава на мрежата Х.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „планот за победа“ на неговата земја во војната против Русија зависи од брзите одлуки донесени од сојузниците оваа година.
Зеленски рече дека Украина планира да ги искористи средствата за воздушна одбрана, енергија и купување домашно оружје.
Видете и ова: Фон дер Лајен во Киев во знак на поддршка пред претстојната зимаЗаемот е дел од поширокиот план на земјите од Групата седум (Г7) за собирање средства за поддршка на Киев користејќи приходи од околу 300 милијарди долари.
Станува збор за руски финансиски средства кои се замрзнати како дел од санкциите кон Москва поради инвазијата врз Украина.
По неколкумесечни разговори, Европската унија во мај постигна договор меѓу своите земји-членки според кој 90 отсто од приходите ќе одат во фондот за воена помош за Украина предводен од ЕУ, додека останатите 10 отсто ќе го поддржат Киев на други начини.
Фон дер Лајен ја посети украинската престолнина еден ден откако објави дека ЕУ ќе обезбеди дополнителни 178 милиони долари за да и помогне на Украина да ја поправи оштетената енергетска инфраструктура, да ги прошири обновливите извори на енергија и да финансира засолништа.