Либанската милитантна група Хезболах на 20 септември истрела 140 ракети во северен Израел, еден ден откако лидерот на групата Хасан Насрала вети дека ќе му возврати на Израел за масовниот бомбашки напад, соопштија израелската војска и Хезболах.
Хезболах е милитантна вооружена група поддржана од Иран и прогласена за терористичка организација од страна на САД.
Израелската војска соопшти дека ракетите биле истрелани во три бранови и биле насочени кон локации долж разурнатата граница со Либан.
По нападот, израелската војска соопшти дека нападнала области низ јужен Либан, чија цел била инфраструктурата на Хезболах, но не наведе детали за штети.
Видете и ова: Што се знае за унгарските, бугарските и норвешките врски на пејџерите на Хезболах?Хезболах соопшти дека ракетите биле одмазда за израелските напади врз селата и домовите во јужен Либан, а не за дводневните нападите за кои широко се обвинува Израел дека активирал експлозиви во илјадници пејџери на Хезболах.
Хезболах и Израел речиси секојдневно разменуваа оган од 8 октомври, еден ден по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, но денешните ракетни напади беа потешки од вообичаеното.
Хамас претходно го прогласија за терористичка организација САД и ЕУ.
Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах на 19 септември вети дека ќе продолжи со секојдневните напади против Израел и покрај овонеделната смртоносна саботажа на комуникациските уреди на неговите членови, што тој го опиша како „сериозен удар“.
Најмалку 37 луѓе загинаа, а илјадници се ранети откако пејџери и други уреди експлодираа во Либан во вторникот и средата.
Повеќе од 95.000 луѓе се ранети и во Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство.