Руското Министерство за надворешни работи на 20 септември остро реагираше на веста дека Европската Унија издвојува дополнителни средства за воена помош за Украина.
Германија треба да одобри близу 400 милиони евра дополнителна воена помош за Украина поради руската инвазија, се вели во писмото на Министерството за финансии, во кој имаше увид Ројтерс.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четвртокот (19 септември) рече дека 160 милиони евра од замрзнати руски средства ќе бидат пренасочени за да се задоволат итните хуманитарни потреби на Украина оваа зима.
Русија затвори околу 9 гигавати од енергетската инфраструктура на Украина, за која Фон дер Лајен рече дека е „еквивалент на моќта на три балтички држави“.
Видете и ова: Зеленски до сојузниците: Да ги натераме Русите да размислат дали сакаат „мир или Путин“Портпаролката на руското МНР Марија Захарова го повтори тврдењето дека ЕУ ја изгубила својата автономија и е подредена на целите на Вашингтон.
„Сега ЕУ го изгуби умот и ја парализираше својата волја за да продолжи да го следи конфронтацискиот, а за ЕУ, самоубиствен курс. Тоа е курс на ескалација на тензиите со Русија“, рече Захарова.
Видете и ова: Фон дер Лајен во Киев во знак на поддршка пред претстојната зимаРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да се сретне со својот американски колега Ентони Блинкен иако и двајцата ќе присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк овој викенд, објави Москва на 20 септември.
Тензиите меѓу Русија и САД се влошија во последните две и пол години откако Москва ја започна својата воена офанзива против Украина, а Вашингтон во моментов размислува дали да и даде зелено светло на Украина за напад на цели во Русија.
Повеќе од 130 шефови на држави и владини претставници се очекува да присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк во недела, во време кога Меѓународната заедница се чини дека не може да ги регулира конфликтите во Украина, Газа, Либан и Судан.