Околу 40 000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Веќе успеавме да пренасочиме околу 40.000 руски воен персонал во таа насока. Им благодарам на сите наши борбени бригади, на секој војник, наредник, на секој командант за нивната храброст“, рече тој.
Според него, украинските сили го намалиле потенцијалот на руските војници да извршат напади во регионот на Доњецк, но тој посочи дека ситуацијата се уште е тешка во близина на градовите Покровск и Курахов.
Во последниве недели, Русија тврдеше дека вратила неколку села заземени од украинските сили за време на ненадејниот упад на руска територија што започна на почетокот на август. Се верува дека Украина контролирала околу 1300 квадратни километри во областа Курск што се граничи со североисточна Украина.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема намера да ја задржи руската територија, но дека упадот и дава на Украина повеќе простор во можните мировни преговори и дека заробените руски војници ќе се користат за размена на затвореници.
Од почетокот на упадот на 6 август, се случија три вакви размени на руски и украински војници.
Видете и ова: Русија и Украина разменија 206 воени заробеници, борбите продолжуваатВо доцните ноќни обраќања во четвртокот (19 септември), Зеленски рече дека украинските сили ја намалиле способноста на руските трупи да вршат напади во регионот Доњецк на источниот фронт.
Зеленски рече дека руските сили го нападнаа регионот Суми во четвртокот, погодувајќи старечки дом.
Во нападот едно лице загина, а 12 се ранети, објави Државната служба за вонредни состојби на Телеграм. Во нападот делумно е уништен петтиот кат од зградата, а искршени се прозорците од приземјето. Повеќе од 140 луѓе мораа да бидат евакуирани, според службите за итни случаи.