Израелски борбени авиони бомбардирале цели на Хезболах во јужен Либан и погодиле стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија. Војската соопшти дека нејзините борбени авиони од синоќа погодиле околу 100 ракетни фрлачи способни да истрелаат вкупно околу 1000 проектили.
„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе продолжат да дејствуваат за ограничување на инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со цел да се заштити државата Израел“, се вели во соопштението на вооружените сили.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека е итно потребно дипломатско решение, а Британија повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Видете и ова: Иран го евакуираше својот амбасадор од Либан и 95 други пациентиИнтензивното гранатирање уследи по нападите претходно во текот на неделата, кои Либан и Хезболах му ги припишуваат на Израел, во кои експлодираа радија и пејџери на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3000 во Либан.
Израел во вторникот го предупреди американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски повик дека ќе биде извршена воена операција во Либан, но не даде никакви детали, изјавија американски официјални лица.