Жител на Москва, Јуриј Коховец, е осуден на пет години затвор бидејќи ја осуди руската инвазија на Украина за време на интервју со новинар од Радио Слободна Европа (РСЕ), снимено на улица во јули 2022 година.
Московскиот градски суд ја донесе одлуката на 17 септември, поништувајќи ја пресудата што во април ја донесе понискиот суд, а со која Коховец беше осуден на пет години „присилна работа“.
По изрекувањето на затворската казна, Коховец веднаш беше приведен.
Казната дефинирана како принудна работа во Русија значи дека осудените не лежат во затвор туку може да изберат да останат дома и да бидат испратени на работа во индустриски објект кој ќе им го одреди Федералната служба за казнено-поправни казни.
Дел од платите што ги добиваат им ги одзема државата.
Видете и ова: Затворениците кои останаа во Русија по историската разменаСепак, Градскиот суд во Москва соопшти дека ја променил казната откако го прогласил Коховец за виновен за „дистрибуирање лажни информации за руската војска врз основа на политичка омраза“.
Во јули 2022 година, новинар на РСЕ му пристапи на Коховец и го праша дали мисли дека е потребно намалување на опасноста од војна меѓу Русија и земјите од НАТО.
„Се разбира дека ни треба (деескалација), но сè зависи од нашата влада. Нашата влада е таа што го започна сето ова… Русија е таа која ги создаде сите овие проблеми. Не гледам никакви проблеми со НАТО, не планира да нападне никого“, рече Коховец за РСЕ.
Тој додаде дека руските сили убиле цивили во киевското предградие Буча „без никаква причина“. Москва ги негира обвинувањата дека извршила воени злосторства во Украина.
Коховец се изјасни за делумно виновен, негирајќи дека неговите изјави за време на интервјуто за РСЕ се засновани на омраза. Тој на судењето изјави и дека го остварил своето уставно право слободно да го каже своето мислење за време на разговорот со РСЕ.
На рочиштето на 17 септември, Коховец исто така рече дека не знаел оти разговорот со РСЕ претставува кршење на Кривичниот законик и дека не знаел оти интервјуто ќе биде објавено на Интернет.
Видете и ова: „Конечно син!“: Осамените, тајни животи на престолонаследниците на ПутинНеговата адвокта на судењето кажа дека нејзиниот клиент немал омраза кон никого кога разговарал со РСЕ.
Според Јелена Шереметјева, „доказот“ за вината на нејзиниот клиент се заснова единствено на форензичко лингвистичко вештачење на неговиот говор, кое според неа било направено со груби прекршувања односно двете лица кои ги проучувале неговите изјави не биле државни лиценцирани лингвисти.
Лингвистичката форензика беше спроведена од наставничка по математика Наталија Крјукова, и преведувач, Александар Тарасов. Двајцата исто така правеа слични вештачења во случаите на затворањето на Меморијалниот центар за човекови права во 2021 година и затворањето на копретседателот на центарот, Олег Орлов, во февруари оваа година.