Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на договорот за закуп на административно – деловен простор што Државна лотарија го случи со фирмата Хеј ДООЕЛ“ Скопје, соопштија од владината прес-служба на 17 септември.
Станува збор за поранешен ресторан за свадби во скопско Визбегово, за кој во серијата истражувања за Лотарија, Радио Слободна Европа (РСЕ) откри дека договорот кој беше склучен е за сума од 2,6 милиони евра за период од 10 години. Тој беше склучен на 5 јули 2023 година.
„Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години“, велат од Владата.
Видете и ова: Лотарија пред раскинување на договорот за закуп на ресторанот за свадбиРСЕ веќе пишуваше дека за овој договор на Државна лотарија со „Хеј ДООЕЛ“ се интересира и Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Прв сопственик на оваа фирма беше Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски, кој пак беше ортак со зетот за ќерка на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај. Како прв управител на „Хеј ДООЕЛ“, беше заведена Натура Груби Бела, братучетка на тогашниот вицепремиер Артан Груби, а братот на нејзиниот сопруг беше дел од обезбедувањето на поранешниот министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Видете и ова: Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евраПодоцна, со промените во управувачката структура, Машовиќ стана управител на „Хеј ДООЕЛ“, а сопственоста на компанијата ја презеде Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ.
До август 2024 година, за 13 месеци, Државната лотарија му исплатила на Пуцко Петрол над 300.000 евра за закуп на деловниот простор.