Во Брисел денеска (17 септември) ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бислими.
„На средбата во Брисел ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на Охридскиот договор и други прашања кои влијаат на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави портпаролот на Европската Унија“, Петер Стано.
Непознато е дали двајцата овластени претставници ќе се сретнат заедно или одделно со претставниците на ЕУ.
Според информациите од дипломатски извори, меѓу темите што Белград ги предложи да се најдат на дневен ред е прашањето за мостот на Ибар, како и формирањето на Заедницата на српските општини.
Видете и ова: ЕУ го поздравува барањето на Белград за враќање на Србите во косовските институцииСрпскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела ја објави својата намера „значително и драматично да ја зголеми поддршката на Белград за Србите во Косово“.
Тој, исто така, ги повика Србите кои ги напуштија работните места во полицијата и другите косовски институции во знак на протест пред речиси две години, да се вратат на работните места и изнесе административни планови за да им помогне на Србите да земаат плати и други финансиски бенефиции на српската страна од заедничката граница.
Некои Срби изразија незадоволство и рекоа дека се чувствуваат предадени од Вучиќ, додека пак официјалните претставници на ЕУ го поздравија чекорот.
Косовскиот премиер Албин Курти првично избегна јавно да коментира и не е јасно дали тие институции ќе направат сè за да го олеснат масовното враќање на етничките Срби.
Приштина ги нарекува „нелегални“ таканаречените „паралелни“ институции поддржани од Белград.