Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко помилува 37 лица, вклучително и шест жени, кои отслужуваат затворски казни поради обвиненија за екстремизам, соопшти Кабинетот на Лукашенко на 16 септември.
Помилувањето е во пресрет на Денот на националното единство што треба да се одбележи на 17 септември.
Вкупно 115 од повеќе од 1.300 политички затвореници во Белорусија се помилувани од јули до сега.
Видете и ова: Активистка избега од Белорусија после обвинение за испраќање пакети на политички затворенициОва е четврти декрет за масовна амнестија што Лукашенко го потпиша оваа година, за помилување на лица затворени за учество во масовните протести во 2020 година против официјалниот резултат од претседателските избори.
По изборите во август 2020 година, Централната изборна комисија на Белорусија го објави реизборот на Лукашенко за претседател, негов шести последователен мандат. Со тоа не се согласи опозицијата, која инсистираше на победа на нејзиниот кандидат Светлана Тихановска. Низ земјата почнаа масовни протести против изборни измами и за поддршка на демократијата.
Протестите беа жестоко задушени од безбедносните сили. Стотици уапсени луѓе, вклучително и лидери на опозицијата, беа осудени на долги затворски казни.