Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени во руски напад со наведувачка ракета која погодила облакодер во Харкив, североисточна Украина, соопштија локалните украински власти на 15 септември.
„Спасувачката операција во Харкив продолжува. Руски воздушен напад. Оштетена е станбена зграда, повеќекатна зграда. Помеѓу 9-ти и 12-ти кат има пожари и урнатини“, напиша на апликацијата Телеграм, украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Гувернерот Олех Сињехубов објави дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Видете и ова: Зеленски бара побрза испорака на оружје за УкраинаХаркив, еден од најголемите градови во Украина и клучен индустриски центар, се наоѓа во близина на руската граница и постојано е под напади од руски бомби, проектили и беспилотни летала.
Украинските власти претходно соопштија дека брачен бар загинал во јужниот регион Одеса во бран руски напади ноќта меѓу 14 и 15 септември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното видеообраќање на 14 септември ги повика САД и другите сојузници „брзо да ги спроведат“ договорите за оружје и за други испораки за да и помогнат на Украина да се бори против руската инвазија.
Украинските власти велат дека војската мора да биде способна да изврши удари со долг дострел на руска територија за да се одбрани инвазијата на руските сили, аргумент што беше поддржан од претставници на НАТО.
Видете и ова: Медведев се закани дека можен нуклеарен удар ќе го претвори Киев во „сива точка“ на картатаЗеленски рече дека Русија минатата недела истрела околу 30 проектили, повеќе од 800 наведувани бомби и речиси 300 беспилотни летала кон Украина.
Од друга страна, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, на 14 септември предупреди дека Киев може да се претвори во „џиновска сива стопена дупка на картата“ доколку се тргнат ограничувањата за употребата на западното оружје од страна на Украина.