Министерството за надворешни работи и надворешна трговија утре (16 септември) ќе го повика на разговор бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Желјаско Радуков, за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
„Во врска со најавата на претседателката Сиљановска-Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан амбасадорот на Република Бугарија“, изјавија од МНР за државната агенција МИА.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова: Со Радев се обединивме околу најважното, европската интеграцијаСиљановска-Давкова на 13 август се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.
По средбата беа лиферувани фотографии како двајцата шефови на држави се ракуваат пред бугарското и знамето на ЕУ, но без македонското знаме.
Тоа предизвика реакции во јавноста, а опозицискиот СДСМ обвини дека Северна Македонија доживеала „понижување и дипломатски дебакл“. Лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче порача дека тоа било „невидено погазување и понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани“.
„За првпат во историјата на нашата држава, македонски претседател оствари средба со претседател на друга држава без никакви државни обележја. Да биде скандалот уште поголем, на средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој беше само нем сведок на недоличниот и понижувачки чин. Очигледно е дека ниту еден претставник на македонската делегација не реагирал на ова деградирачко однесување“, реагираше Филипче преку објава на Фејсбук.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова: Не беше предвидено фотографирање со Радев пред бугарското знамеОд кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, пак, реагираа дека сакаат да веруваат дека „се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното“ од страна на бугарските домаќини. Фотографирање пред знамето, тврдат, не било предвидено.
„Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен“, соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Средбата помеѓу Сиљановска-Давкова и Радев беше прва официјална откако претседателката на Северна Македонија ја презеде функцијата на 12 мај годинава.
Видете и ова: „Набуко“ од Верди за затоплување на односите меѓу Скопје и СофијаВо делегацијата со Сиљановска-Давкова беа и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.
Претседателката отпатува во Софија за да го проследи настапот на Националната опера и балет со „Набуко“ од Џузепе Верди што беше искористено и за средба со Радев.