Вучиќ го потпиша договорот за враќање на задолжителниот воен рок

Илустрација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека го потпишал договорот за редовен воен рок на 75 дена.

„Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука“, рече Вучиќ на 14 септември во Белград, на церемонијата на промоција на најмладите офицери на српските вооружени сили.

„Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна војска, уште колку ќе треба да купуваме оружје, да правиме, да создаваме, бидејќи не е наша желба да нападнеме некого, ниту ќе го правиме тоа. нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои ни се закануваат секојдневно без страв“, додаде тој.

Видете и ова: Од први јануари задолжителен воен рок во Хрватска

Не прецизирајќи кој и се заканува на Србија Ден претходно, премиерот Милош Вучевиќ изјави дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да поднесе предлог-закон до Собранието за враќање на воениот рок.

И дека во 2025 година, кога ќе се исполнат логистичките и административните услови, ќе почнеме со тоа“, рече и соседна Хрватска, Вучевиќ, најави дека на 1 јануари 2025 година ќе започне задолжителниот двомесечен воен рок.