Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот безбедносен функционер Сергеј Шојгу најавија поголема соработка за безбедносни прашања, бидејќи Западот го обвинува Ким дека и испорачувал на Русија со оружје поради руската агресија против Украина.
Ким и Шојгу разговараа за „продлабочување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји“, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.
Се вели дека разговарале за „широка размена на мислења за регионалните и меѓународните ситуации“ и постигнале задоволителен консензус за прашања, вклучително и поголема „соработка во одбраната на заедничките безбедносни интереси“.
Ким Џонг Ун рече дека Северна Кореја ќе продолжи да ја проширува соработката со Русија во согласност со стратешкото партнерство на двете земји, пренесе КЦНА.
САД и Украина, како и многу други земји и независни аналитичари, тврдат дека Ким и помага на Русија во војната во Украина со тоа што ѝ обезбедува ракети во замена за економската и друга воена помош од Москва.
Москва и Пјонгјанг ги негираа обвинувањата, но ветија дека ќе ја зајакнат својата воена соработка и потпишаа сеопфатно стратешко партнерство во јуни.
Видете и ова: Ким Џонг Ун планира да го зголеми нуклеарниот арсеналШојгу, поранешен руски министер за одбрана, а сега секретар на Советот за безбедност, навести почеток на поблиски односи меѓу Северна Кореја и Русија за време на неговата посета на Пјонгјанг во јули минатата година.
Шефот на истражувачката организација која го бара потеклото на оружјето користено во руските напади врз Украина од 2018 година, во јуни во Советот за безбедност на ОН изјави дека организацијата „неспорно“ утврдила дека балистичката ракета чии остатоци се пронајдени во Украина оваа година потекнува од Северна Кореја.
На крајот на јуни, Соединетите Американски Држави (САД) и нивните западни сојузници вербално се судрија со претставниците на Русија и Северна Кореја на состанокот на Советот за безбедност на ОН поради тврдењата на Западот дека тие две земји го прекршуваат ембаргото на ОН за извоз на оружје од Северна Кореја.
Русија ги отфрли тие тврдења како „неосновани“, а Северна Кореја ја нарече дискусијата за „наводно нечиј трансфер на оружје“ како „крајно дрска“.
Јона Леф, извршен директор на организацијата Conflict Armament Research, на состанокот на Советот за безбедност презентираше детална анализа на проектилот што го погоди украинскиот град Харков на 2 јануари оваа година.
Леф рече дека нивните тимови испитале уште три идентични севернокорејски проектили кои ги погодија Киев и Запорожје и оваа година.