Европската Унија на 13 септември ја отстрани од списокот со санкции Виолета Пригожина, 85-годишната мајка на починатиот водач на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, заедно со уште неколку Руси.
Европската Унија воведе замрзнување на имотот и забрани визи за 2300 луѓе и правни субјекти откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Потегот на ЕУ да ја отстрани Пригожина од листата на санкции се заснова на одлуката на Генералниот суд на ЕУ донесена во март 2023 година.
Вториот највисок суд во ЕУ тогаш пресуди дека вклучувањето на Пригожина се засновало само на нејзината семејна врска со Пригожин, што според судот е недоволен доказ дека таа била соучесничка во улогата на нејзиниот син во војната во Украина.
Видете и ова: ЕУ ќе ги укине санкциите против Никита Мазепин и мајката на ПригожинЕУ, соопшти тогаш судот, ја ставила Пригожина на списокот со санкции со образложение дека била сопственик на Конкорд Менаџмент и Консалтинг ДОО, дел од групацијата Конкорд основана и во сопственост на нејзиниот син до 2019 година, а исто така поседувала и други бизниси поврзани со нејзиниот син.
Судот, исто така, рече дека утврдил дека Пригожина, иако поседува акции во Конкорд, не е сопственик на компанијата од 2017 година. ЕУ, исто така, не докажа дека Пригожина не учествувала во други потфати поврзани со нејзиниот син кога биле усвоени санкциите.
Пригожина беше додадена на листата на санкции на ЕУ за Украина на 23 февруари 2022 година, еден ден пред руската инвазија на Украина, заедно со членовите на руската влада, банките, бизнисмените и пратениците.
Видете и ова: Улогата на Вагнер една година по смртта на ПригожинПригожин, долгогодишен близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, загина заедно со уште девет лица во мистериозна авионска несреќа во август 2023 година, два месеци откако објави бунт како шеф на Вагнер групата, приватна армија која одигра голема улога во напредувањето на Русија во Украина.